Видео : Срната доби помош од *****

Неверојатно видео на кое огромен питон дави срна, кружи на социјалните мрежи. Видеото настанало пред неколку денови во Тајланд, а срната добила неочекувана помош.

Сето тоа било снимено од автомобил во отворената зоолошка градина „Као кеов“ во округот Шри Рача, во покраината Конбури на истокот од Тајланд.

Штом ја воочил оваа неверојатна сцена, возачот изглегол од автомобилот и го избркал питонот од својот плен.

Снимката предизвикала поделени реакции. Едни од луѓето кои што ја виделе тврдат дека и тие би ѝ помогнале на срната, други велат дека е подобро да не се мешаат во природата, наведувајќи дека на тој начин змиите се прехрануваат и опстануваат.

Отворената зоолошка градина Као Кеов покрива површина од речиси 2.000 хектари и содржи над 8.000 животни со 300 различни видови.

Погледнете го видеото:

Коментари

Популарно