Ова се неофицијални сознанија од Комисијата за заразни болести

Фактор дознава дека бројките на новозаболени во изминатово деноноќие ќе бидат отприлика идентични како во текот на вчерашниот ден.

Ова се неофицијални сознанија од Комисијата за заразни болести.

Како што е познато, вчера беа регистрирани 180 новозаболени од коронавирусот, што е најголем рекорд откако изби епидемијата на КОВИД-19 во земјава. Од нив, 106 лица беа во главниот град Скопје. 

Во податоците што ги објави Институтот за јавно здравје се наведува и дека се чекаа резултати за 24 лица, што значи дека и тие можат да влезат во категоријата новозаболени ако се докаже дека се позитивни.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека можно е од понеделник повторно да нема полициски час, откако ќе заврши овој карантински викенд, но за тоа изрази резерва, нагласувајќи дека ќе мора да се изјасни и Комисијата за заразни болести, која ќе заседава утре или во понеделник наутро.

Коментари

Популарно