(Видео) Наследникот стигна во вилата на Цеца: Таткото Вељко го внесе синот во домот

Богдана Ражњатовиќ денеска ја напушти болницата во која се породи и на овој свет го донесе малиот Жељко, наследникот на Вељко Ражњатовиќ.

Вељко и неговата мајка Цеца Ражњатовиќ рано наутро тргнаа кон породилиштето по бебето, а малиот Жељко сега стигна во својата куќа на Дедиње, каде што го внесе гордиот татко, кој изгледа не му дозволува на никој друг да го носи.

Да потсетиме, Богдана имаше породување со царски рез кај докторот Миленко Пророчиќ, кој ја породуваше и Цеца вапати.

Цеца даде 4.000 евра за породувањето на снаата Богдана Ражњатовиќ, а собата за бебето веќе е подготвена.

Коментари

Популарно