Американската пијанистка Лола Астанова излезе на социјалните мрежи и уште еднаш потврди дека е негативна на COVID-19.
Да потсетиме, Лола настапи во Белград и Задар за време на тенискиот турнир „Адрија Тур“ во организација на Новак okоковиќ, по што таа објави дека се повлекува во самоизолација.
Иако не е позитивна на Ковид- 19 таа сепак се одлучи за самоизолација, а сега одлучи да покаже како го минува времето додека е дома и во изолација.