Видео: Таа тврди „жените се сто пати попаметни од мажите“

Поранешната заменик министерка, Александра Клитина, се појави после минатогодишниот скандалозен отказ и најави дека ќе се врати во политиката за да се бори против корупцијата, но таа ја засени својата политичка порака со својот изглед.

37-годишен поранешен владин службеник објави во видео-порака на Јутјуб, формирање на партија што ќе се вика „Украина против корупцијата“.

Клитина се појави во костум за капење или прилично импресивен фустан и остро почна да ги критикува мажите кои моментно владеат со Украина.

„Решив да се борам за вистината, бидејќи овие идиоти во панталони се бескорисни“, тврди поранешната заменик министерка и ветува дека нејзината партија „конечно ќе се бори против овие машки политички проститутки“.

„Тие мислат дека ако имаат нешто во пантолоните, доволно е тие да бидат успешни и да можат да ги вознемируваат жените. „Но, жените се сто пати попаметни и сто пати поправични од вас“, рече таа.

Сепак, судејќи според коментарите под видеото, луѓето беа повеќе заинтересирани за нејзиниот изглед отколку за политичката порака. Многумина рекоа дека не разбираат ниту еден збор од она што таа го рече, затоа што сликата целосно им  ги одвлече вниманието.

Александра Клитина се осврна и на причините поради кои беше отпуштена од позицијата заменик министер за инфраструктура во ноември минатата година, тврдејќи дека нејзиниот шеф, Владислав Крикли, ја „прогонувал “ само затоа што спречила кражба во министерството.

На отказот му претходеа два снимка што протекоа во украинските медиуми. Во првото, беа запишани пратениците на владејачката партија на претседателот Владимир Зеленски, коментирајќи дека Клитина ја достигна својата висока позиција низ спалната соба. Во друг инцидент, таа беше жртва на шегаџија која ја снимаше со скриена камера тврдејќи дека нејзиниот шеф е корумпиран и дека ќе стане многу подобра министерка за инфраструктура од него.

Распространетата корупција е голем камен на сопнување во развојот на Украина во последните децении. Секој претседател, вклучително и Зеленски, вети дека ќе го искорени, но се чини дека досега нема постигнато значителни резултати.

Коментари

Популарно