За него Барселона ќе плати вистинско „богатство“

Литванецот Шарунас Јасикевичиус е нов тренер на кошаркарите на Барселона, потврди каталонскиот клуб

Јасикевичиус го напушти Жaлалгирис, кој  го водеше од 2016 година, а на клупата на Барселона ќе го замени српскиот селектор Светислав Пешиќ, кој  ја раскина соработката со клубот во среда.

Литванецот, кој во два наврати го носеше дресот на каталонскиот гигант, потпиша договор до 2023 година. Според некои информации, тој ќе заработува 1.000.000 евра по сезона во Каталонија.

Постигна одлични резултати со Жалгирис. Тој беше шампион на Литванија пет пати по ред, освои три национални пехари, а во Евролигата во 2018 година стигна до разигрувањето во Белград. 

Патем, шпанскиот клуб беше поразен во финалето од Басконија и не успеа да ја одбрани титулата на АЦБ-лигата. По поразот немаше многу полемики затоа што искусниот српски тренер ја презеде одговорноста и го напушти клубот.

Коментари

Популарно