Дневен хороскоп

Овен

Работа – Односите со колегите се одлични, па ќе посакате и таквата соработка да ја пренесете и на дружењето после работа.

Љубов –Оние кои се во брак, ги очекува убав и хармоничен ден.

Здравје – Немате тегоби.

Бик

Работа – Ќе се чувствувате дека ова е тежок ден, но тоа е поради многуте одлуки кои морате да ги донесете денес. Со среќа!

Љубов – Не очајувајте што една личност која ви се допаѓа често ве игнорира. За се постои добра причина.

Здравје – Дишете длабоко.

Близнаци

Работа – Покажувате мала доза на скептицизам. Имате подобри идеи од порано, но другите не го забележуваат тоа.

Љубов – Потребно ви е малку да бидете сами.

Здравје – Опуштете се.

Рак

Работа – Имате силен став дека морате да успеете во оваа работа со која се занимавате сега. Некој би можел да се потруди да ви го отежни тоа.

Љубов – Некои луѓе ве сметаат за непријател, а вие им се додворувате.

Здравје – Полни сте со енергија.

Лав

Работа – Занимавајте се со интелектуална работа денес. Бидете внимателни во однос на поединечни одлуки. Имате потенцијал да бидете подобри, но внимателноста е потребна.

Љубов – Емотивната состојба не ви е лоша и сами забележувате дека тензијата поминува.Можете да сметате на поддршката од партнерот.

Здравје – Солидно.

Девица

Работа  – Одложете ги сите обврски кои можете да ги одложите и наполнете ги батериите.

Љубов – Не покажувајте љубомора без потреба. Изградете солидна комуникација.

Здравје – Забоболка.

Вага

Работа – Ќе посакате да донесете план за натамошниот период и цврсто да се држите до донесените одлуки, бидејќи сметате дека во тоа лежи успехот.

Љубов – Партнерот ве поттикнува да направите нешто конкретно за себе, но тоа не ви одговара бидејќи не сакате никој да ви се меша во животот, па ниту таа личност.

Здравје – Главоболка.

Шкорпија

Работа –     Кога е во прашање вашата финансиска страна, добро би било да се потрудите да заработите повеќе. Ја имате можноста за тоа.

Љубов – Вашата страст се буди и сакате да знаете точно на што сте со партнерот. Ви следи и ново познанство.

Здравје – Покачен крвен притисок.

Стрелец                 

Работа – Морате да се држите до одредена насока и правила кога станува збор за работата. Една Девица ви е голема поддршка.

Љубов – На ова поле се чувствувате растеретено бидејќи ви делува како да поминаа бурите.

Здравје – Немате поголеми тегоби.

Јарец

Работа – Стратегијата која ја имате е добра за да постигнете нешто на ова поле. Бидете во добро расположение бидејќи ве очекуваат извонредни финансиски приливи.

Љубов  – Искористете ја вечерта за да излезете. Партнерот ви ја дават сетта поддршка.

Здравје – Внимавание за хроничните болни.

Водолија

Работа – Кога станува збор за работата, не треба да се осврнувате на колегите и нивните коменари. Тие се малку лошо расположени во однос на успехот кој го постигнувате.

Љубов – Денеска ќе биде потребно да покажете силен став.

Здравје – Пад на имунитетот.

Риби

Работа – Малку сте уморни од обврски и ви следи мал одмор.

Љубов –Размислувате за личност која често ја гледате. Бидете храбри и пријдете и.

Здравје – Психички проблеми.

Извор: Порта.мк

Коментари

Популарно