Објавија досега невидена снимка од Гастоз: Луна се бори против фановите на Анабела!

Пејачката и победничка на минатата сезона во Задруга, Луна Џоганиго напушти реалното шоу на 30 јуни, а претходните два дена ги искористи за да се врати во нормала, по многу месеци поминати во Белата куќа.

Таа објави на социјалнте мрежи како поминала средбата со нејзините кучиња, емотивните моменти со сестрата, тетката и пријателите. Сепак, денес се јави на Инстаграм, но не со позитивен став.

Фановите на Анабела ја означија на објава на која се слуша Луна во позадина, а се однесува на нејзината посета на Гастоз.

„Што да кажам за луѓе кои пакуваат и местат работи. Жал ми е за вас. Ова го демантирам затоа што сте смешни и досадни“, напиша Луна.

Коментари

Популарно