Жители на Центар повеќе од 8 саати се без струја

Жители на улицата Страшо Пинџур во скопската општина Центар повеќе од 8 часа се брз струја.

Револтирани граѓани за нашата редакција велат дека иако од попладнето после 15 часот повеќе пати пријавиле и барале информации од Кол Центарот на ЕВН од таму им објаснувале дека службите имале многу работа кога ќе можеле ќе го поправеле дефектот.

Жителите на овој дел од центарот на Скопје се разочарани што на овие високи температури се оставени без електрична енергија,велат дека храната во фрижидерите е веќе расипана, а можни се и дополнителни штети на електричните апарати.

Коментари

Популарно