(Фото) Струја со саати немаат и во Чаир

Освен жителите од Центар и жители на улицата Браќа Реџепагиќ во скопската општина Чаир повеќе од 5 часа се без струја. Револтирани граѓани за редакцијата на Засе.мк велат денеска глетката била страшна.


Сите бандери испуштале искри и целата улица останала без струја, но од ЕВН ни трага ни глас. Жителите на овој дел од Скопје се исто така разочарани што на овие високи температури се оставени без електрична енергија,велат дека храната во фрижидерите е веќе расипана, а можни се и дополнителни штети на електричните апарати.

Чудно е што уличните светла работат, а во куќите воопшто нема струја.

Коментари

Популарно