Зијадин Села-Ако направите македонска влада, ние ќе направиме албанска!

Лидерот на Алијанса за Албанците – Зијадин Села, ги предупреди лидерите на двете најголеми партии – Зоран Заев и Христијан Мицкоски, околу „идејата за меѓусебна размена на пратеници со цел да избегнат условувања од Албанците“.

„Слушам дека Заев и Мицкоски се подготвени да формираат македонска влада. Еве ви кажувам многу јасно и отворено, ако создадете влада само со македонски претставници, ние ќе ја создадеме нашата албанска влада. Јасно е, немам што друго кажам“, порача Села од Струга, каде коалицијата „Сега е време“ вечерва одржа централен митинг.

Коментари

Популарно