(Видео) Дали ова е доказ дека ќе може да живееме на Марс?

Европската вселенска агенција објави спектакуларна снимка од кратерот на Марс, кој би можел да овозможи наследување на луѓето и да биде извор на вода за човечката колонија ако таа се создаде на соседната планета.

Кратерот Корољев е исполнет солет и беше снимен од воздух. Неверојатното видео е мозаик на снимки од површината на кратерот снимени со висока резолуација.

Кратерот Корољев се наоѓа на северниотдел на Марс и исполнет е со мраз во текот на цела година, бидејќи има природна „замка“ која го штити мразот од топење.

Овој кратер е наречен по Сергеј Павловиќ Корољев, главен советски ракетен инжинер и конструктор на вселенски летала, кој е познат како „татко на руската вселенска технологија“.

Коментари

Популарно