Видео: Фики Стораро победи во бугарското “Твоето лице звучи познато“ како Тоше Проески

Ете убаво си кажавме пред некое време и бевме во право дека на бугарската естрада се случуваат мошне интересни работи. И тие го имаат популарното тв шоу “Твоето лице звучи познато“ кое во бугарската верзија се вика “Като две капки вода“.

Токму во тоa гала шоу големо внимание го привлече познатиот бугарски пејач Фики Стораро кој одлично се снајде во улогата на нашиот славен пејач Тоше Проески.

Фики се облече исто како Тоше и ја имаше онаа истата фрузура, целиот со имиџот “а ла Италиано Сицилиано“ кој Тоше го имаше на својот концерт во белградската “Арена“.

Ја испеа песната “Несаница“со која Тоше го освои Балканот. Самиот настап и според движењата на сцената сосема потсетуваа на оние на Тоше со што интересниот Фики предизвика огромен аплауз.

И секако дека Фики убедливо победи во шоуто бидејќи беше ист како Проески. Бугарскиот пејач изјави дека Тоше му е еден од најсаканите пејачи, а дека за него во музиката нема граници и нации

-Пеев за љубов, ви испратив љубов преку песната на Тоше. Силно верувам дека таа ќе стигне до вашите срца, изјави Фики после победата во бугарското издание на омиленото шоу “Като две капки вода“.  Д.М.

Коментари

Популарно