Видео: Членовите од групата Сани Трик Фкс се заразени од kорона

Брачниот пар  Сани и Наталија  Ибраимов  (кои ја сочинуваат денс група Сани Трик Фкс) се позитивни на Ковид -19.

Сани Ибраимов се јави од болничкиот кревет, тој е заразен со  коронавирус, а сега зборуваше  како се чувствува.

– Па сега сум добро, полошо ми беше пред неколку дена. Да им кажам на сите дека не треба да се шегуваат со оваа болест Морам да признам дека се придржував кон сè, носев маска и  не се дружев со многу луѓе. Немам идеја каде можеше да се  случи ова. Сè се случи одеднаш, рече во емисијата „Премиера Викенд специјал“.

Потоа додаде дека е пациент со полесни симптоми и дека благодарение на неговата сопругата Наталија отишол кај лекар. Да не била таа, не би заминал на преглед.

– Благодарение на Наталија отидов на преглед, да не беше таа, немаше да отидам, рече Сани.

Коментари

Популарно