Видео: Атраkтивната пејачка од Бугарија има нов хит

Вообичаено српската и хрватска естрада се на „ мета “ и  на нашата јавност, а естрадата на соседна Бугарија не е помалку „интересна“. И во соседна Бугарија  е исто така е бурно. Кој со скандалите, кој со “зелени“ изјави, кој се разведува, кој против кого е или кој со кого е во шемата и секако кој има нова летна хит песна со која го разбранува Балканот.

Една од моментално најбараните бугарски пејачки, атрактивната Преслава (Колева-Иванова) пред некој ден онлајн ја промовира својата најнова песна “Беден в сърцето”. Таа жали многу што оваа песна не може и во живо да ја промовира, а со тоа не може да настапи ниту во Македонија каде има голем број фанови особено во источниот дел од државта.

Сепак, песната си има свое музичко видео кое премиерно е изведено на официјалниот канал на пејачката на Youtube – Преслава, а тој видео спот веќе се врти на програмата на каналите на бугарската ТВ Планета.

Композиторот Даниел Ганев и текстописците Анастасија Мавродиева и Росен Димитров се авторите, кои ги обединија своите идеи за тој новиот хит на Преслава. Видеото е дело на режисерот Виктор Антонов, додека камерманот е Радослав Гочев.

За време на снимањето на новата песна, пејачката беше вредна па напрaви и нова фотосесија.

Фановите многу типуваат на оваа песна, но најмногу се убедени во тоа дека “Беден во срцето“ ќе се слуша интезивно по рестораните и кафулињата ова лето долж Црното Море(Черно Море) каде Бугарите ќе си го поминат летото. И за нив важи со оглед на коронаситуацијата, она провереното: само дома си е дома!  Д.М./foto:Instagram/

Коментари

Популарно