Павле Богоевски: Димитар Апасиев ќе стане пратеник во Собрание

Павле Богоевски, поранешниот водач на „Шарената револуција“, на својот профил на Фејсбук напиша дека кудерот на „Левица“, Димитар Апасиев, ќе добие пратеничко место и ќе влезе во македонското Собрание по парламентарните избори на 15 јули, но како што вели тој, да „ги извршува најцрните сценарија на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Да, овој пат Апасиев ЌЕ ВЛЕЗЕ во Парламентот. Не поради неговите 387К интеракции на фб или „енгејџменти“ како што ги нарекува патриотот. Уште помалку поради неговиот партиски рејтинг од 1-1.3%.

Ќе влезе, бидејќи веќе одработи за вмро-дпмне и уште поважно, бидејќи на нив им треба гласен шарлатан во Парламентот. Бидејќи им треба некој кој ќе ги извикува нивните највлажни и најнационалистички соништа на сиот глас од собраниската говорница, блокирајќи ги сите процеси кои дпмне ќе треба да ги спроведат ако сакаат да останеме на патот кон ЕУ и давајќи им го совршеното алиби - дека не е од нивната партија и дека „немаат контрола врз него“.

Ќе влезе и ќе ги остави во заборав сите носители на листи, пратенички кандидати и „загрижени патриоти“ зад него, како што има направено многу пати до сега“ напиша Богоевски меѓудругото.

Поранешниот незавоисен пратеник кој беше во коалиција со актуелното владеачко мнозинство изминатиот период често се препукува со Апасиев и „Левица“ на социјалните мрежи.

Коментари

Популарно