Видео: Полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата.

Според репортерот на Б92, дошло до немири, при што демонстрантите фрлиле со факли кон зградата на Собранието, а полицијата испукала солзавец.

Дел од демонстрантите ја разбиле оградата пред зградата на паралентот и фрлале со камења.

По нападот врз полицијата, органите на редот ги растерале демонстрантите и го зазеле целото плато пред српскиот парламент.

Во стампедото, луѓето паѓале едни над други, а додека биле во поголеми групи, припадниците на полицијата ги тепале со палки.

Има повредени, а меѓу нив е и лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ.

Исто така на местото се присутни оклопни транспортери на полицијата.

извор: Makfax

Коментари

Популарно