Себастијан Курц-Не патувајте во западен Балкан

Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги предупреди граѓаните на Австрија денес уште еднаш да не патуваат во земјите од Западен Балкан и да не плаќаат за тестирање COVID-19 таму, пишува австрискиот Heute.

 „Ве повикувам да се придржувате до предупредувањата за патувања. Имаме сè повеќе случаи на инфекција секој ден, потеклото на истите може да се поврзе со Западен Балкан“, рече Курц.

Тој истакна дека австриските граѓани треба да се воздржат од патување во земјите од Западен Балкан .

Австрискиот канцелар исто така се повика на обврските на работодавците, повикувајќи ги да се осигурат дека ќе се почитува карантината од 14 дена после патувањето.

Покрај тоа, тој ја доведе во прашање валидноста на ефтините тестови COVID-19 на дестинациите за одмор во Западен Балкан, кои им овозможуваат на австриските граѓани да се движат слободно откако ќе се вратат во Австрија.

Тестирањето за COVID-19 на меѓународниот аеродром во Виена е алтернатива и чини 190 евра по човек.

Коментари

Популарно