Под строги протоколи за заштита од Ковид 19, викендов хиротонија на Отец Партениј за епископ Антаниски

Под строги контроли, со заштитни маски и дистанца викендов ќе се случи хиротонијата на Игуменот на Бигорскиот манастир, Отец Партениј за епископ Антаниски.

Во саботата вечерта во Бигорскиот манастир е закажано наречението на Отец Партениј, а во недела наутро во црквата Света Софија на литургија за Свети Петар и Павле, ќе биде хиротонисан за епсикоп Антаниски.

Поради строгите протоколи за заштита од ширење на вирусот, од Бигорската обител, апелираат до верниците на строго почитување на препораките. Носењето маски е задолжително, а за таа цел Манастирот ќе обезбеди маски за сите кои ќе бидат присутни во Бигорски во сабота и во Света Софија во недела. За дистанцата која е исто така задолжителна ќе се грижи и посебна агенција за обезбедување, како и припадници на СВР Охрид.

Поради оганичениот број на луѓе кои ќе можат да влезат во црквата, надвор од храмот ќе поставени видеобимови на кои ќе се пренесува чинот на хиротонија.

-Ги замолуваме сите присутни поклоници и посетители совесно да се придржуваат на сите пропишани мерки за здравствена заштита, кои пред сѐ, вклучуваат задолжително носење заштитна маска и запазување на потребното растојание. За таа цел, за присутните посетители ќе бидат обезбедени посебни заштитни маски, а ќе биде ангажирана и високопрофесионална агенција за обезбедување, којашто ќе се погрижи за максимално спроведување на редот и одржување на социјалната дистанца. Исто така, во тоа ќе помагаат и службениците на СВР Охрид, кој е веќе информиран за настанот. Со оглед на тоа дека мерките предвидуваат и ограничен број на присутни во храмот, во кој ќе можат да влезат одреден број свештенослужители и гости, за да им се овозможи на сите верници молитвено учество во настанот, во Бигорски и во Охрид ќе бидат обезбедени надворешни видео-екрани, на кои ќе се врши директен пренос од богослужбата. За во Охрид се предвидени три видео-екрани, едниот на влезот на „Св. Софија“, другиот на западниот трем каде што е амфитеатарот и третиот на плоштад, сѐ со цел подобро распоредување на граѓаните, за да се избегне формирањето на поголема толпа. Со специјален ангажман на комуналното претпријатие во Охрид, во неделата пред да започне богослужбата ќе се изврши целосно дезинфицирање на храмот, велат од Бигорската обител.

Истовремено, монасите потестуваат дека поради многу значајниот за нив настан, на ден 12 јули, недела, Бигорскиот Манастир ќе биде затворен за посетители до 13:00ч.

извор: religija.mk

Коментари

Популарно