(Фото) Фановите згрозени од домашната канцеларија на Деми Мур

Фановите на Деми Мур се згрозени откако објави фотографија од домашната канцеларија - купатилото. Во промоцијата на нејзиниот нов поткаст, 57-годишната актерка споделила фотографија од купатилото во кое има и кауч.

„Возбудена сум што конечно со вас го споделувам она на што работам. Првата епизода #DirtyDiana излегува во понеделник, на 13-ти јули“, напишала покрај фотографијата на која седи на каучот, со лаптоп на столица, а позади неа се гледа и WC школката.

Во просторијата има и тепих, а позади актерката има и мијалник и многу козметички производи. Каучот со цветен дезен порано стоел во нејзината дневна соба, според фотографиите кои ги објавувала за време на карантинот.

„Ова купатило дефинитивно е проклето“, „Ова е најчудното купатилот кое некогаш сум го видел“, „Имам толку многу прашања“, „Деми???“, се само дел од коментарите.

Коментари

Популарно