Денес се регистрирани 199 нови случаи на Ковид19

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19 во: 

-Скопје 90

-Куманово 17

-Дебар 6

-Штип 9

-Прилеп 3 

-Тетово 12

-Струга 12

-Битола 2

-Охрид 4

-Кавадарци 2

-Гостивар 5 

-Струмица 2

-Радовиш 1

-Крушево 1

-Пробиштип 3 

-Демир Хисар 1

-Свети Николе 24

-Кичево 3 

-Ресен 2

Починати се 8 лица, еден пациент од Скопје, еден од Штип, четири од Тетово и двајца пациенти од Струга. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 120 оздравени лица од: 

-Скопје 94

-Дебар 1

-Штип 4 

-Прилеп 1

-Тетово 9

-Струга 1

-Охрид 6

-Гостивар 2

-Крушево 1

-Македонски Брод 1

Досега во земјата се направени вкупно 76.107 тестирања на ковид -19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7975,  бројката на оздравени пациенти е 4080, на починати е 376, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3519.

Коментари

Популарно