Дваесет и двегодишно момче од Пакистан било пронајден мртво во Куманово

Дваесет и двегодишно момче од Пакистан било пронајден мртво на местото викано „Врело“ во Куманово.

Починатиот бил забележан од патрола на Црвениот крст, а од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство – информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на погребална служба за понатамошна постапка.

Коментари

Популарно