Jунешки шницли во сос

Вкусни јунешки шницли во сос.

СОСТОЈКИ:

1/2 кг јунешки шницли

100 мл масло

брашно

2 чешниња лук

2 дл доматен сос

билни зачини

сол

бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Месото добро исчукајте го со чекан за месо, па секое парче посолете го и извалкајте го во брашно. Шницлите пржете ги на врело масло додека не поруменат. Извадете ги, па во истата маснотија пропржете лажичка брашно и изгмечен лук. Додајте вино, доматен сок и суви зачини, па измешајте.

Кога сосот ќе зоврие, вратете ги шницлите, намалете ја температурата и продолжете со готвење на тивок оган уште десетина минути.

Извор: Готви.мк

Коментари

Популарно