Гордана Силјановска Давкова направи мусака со тиквички, па го откри рецептот

Професорката Гордана Силјановска Давкова која е во изборна трка, на падините од Матка приготви ручек па целиот рецепт го објави и на Фејсбук.

„Во прекрасен амбиент меѓу недопрената природа на околината на Матка, под планина, а покрај шумот на реката Треска, зготвивме многу вкусна мусака со тиквички и сирење.

Македонската трпеза е многу богата со мириси и вкусови, а како нема да е кога нашата плодна почва изобилува со највкусниот зеленчук. Можеби затоа сум и вегетаријанка.

Преубаво попладне“.

Рецепт: На дното на тавата се става бешамел сос, потоа се редат домашни македонски јуфки, врз нив се редат тиквички на должина исечени, се покриваат со модар домат, црвен домат, магдонос, толчен лук со маслиново масло; преку нив ставаме од сирењето или урдата па малку бибер и веѓета и бешамел сос и повторно се повторува јуфки, тиквички…. На крај се завршува со остатокот од тиквички извалкани во брашно.Добро се залива со маслиново масло се покрива со фолија и добро се затвара од сите страни. Се пече во загреана рерна на 200 Ц. 1 час.потоа се открива и се пече додека благо не порумени. Добар апетит народе!

Коментари

Популарно