Со месеци се пазел, носел маска, а потоа направил една грешка која го чинела живот

После неколку месеци самоизолација и почитување на сите епидемиолошки мерки, направил една грешка која ја платил со својот живот. Таа грешка била дружење со неколку пријатели на скара.

Томи Макијас (51), камионџија од Калифорнија, од почетокот на пандемијата се однесувал многу одговорно. Не излегувал никаде освен до продавница, се држел на растојание, носел маска.

И еден ден, во Калифорнија започнало постепено попуштање на мерките, а Томи, иако и натаму бил претпазлив, природно, посакал да се види со пријателите после неколку месеци изолација.

Се договорил, како што пишува La Times, да направат пикник со скара со одбрани блиски пријатели. Меѓутоа, набрзо оваа средба се претворила во кошмар, бидејќи еден од пријателите бил заразен со полесни симптоми, но одлучил тоа да го скрие и да им се придружи на скарата.

Последицата од неговото неодговорно однесување била тоа што заразил повеќе од 10-мина од своите пријатели, вклучително и Томи, кој на крајот, за жал, го изгубил животот.

А ништо од ова не морало да се случи. Тој човек знаел дека има вирус, а сепак одлучил да оди и да се забавува со пријателите. Каква треба да биде казната за ваквите луѓе?

Поради неговата одлука Томи денес не е жив – вели Густаво Лопез, шурата на Томи, додавајќи дека речиси сите што биле на таа средба сега се заразени и се соочуваат со последиците од болеста.

Првите симптоми Томи ги почувствувал на 15.јуни, но верувал дека го мачи дијабетесот од кој боледувал. Меѓутоа, кога се тестирал, се покажало дека е позитивен на корона вирусот.

Сите бевме загрижени. Знаевме дека прогнозите се лоши за дијабетичарите – вели Густаво. Томи, на 21.јуни, само еден ден пред да го напушти овој свет, објавил статус на својот фејсбук профил, не знаејќи дека тоа ќе биде неговото збогување со пријателите.

“Некои од вас знаете, но многумина не знаат. Се прелажав и пред неколку недели бев на скара со пријателите. Патем се заразив со корона вирус. Во понеделникот добив наод дека сум позитивен, а во четвртокот ми беше потврдено.

Поради својата глупост ја загрозив мојата мајка и сестрите, како и целото свое семејство. Ова е болно искуство и не е шега. Ако мора да излезете, ставете маска и држете дистанца.

Немојте да бидете како мене. Се надевам дека ќе успеам да се изборам” – пишува во неговиот статус.

За жал, само еден ден подоцна, Томи издивна. Неговата сестра Марија вели дека во еден момент делувало како да закрепнува, а потоа одеднаш му се влошила состојбата. Бил ставен на респиратор во очајнички обид за да му се спаси животот, меѓутоа, веќе било предоцна.

Коментари

Популарно