Каква порака му праќа Јохан Тарчуловски на Мицкоски: наместо во кампања, се бања на Свети Наум

Кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ од ИЕ.3 Јохан Тарчуловски, е забележан на плажа во Свети Наум Охрид. На последниот ден од кампањата за парламентарните избори каде што и самиот Тарчуловски е кандидат за пратеник, тој, одлучил да ужива во водите на Охридското езеро.

Се откажа ли Јохан од кампањата, па одбра на последниот ден да се капи лабаво на Свети Наум?

Седуммина пратениците од минатиот состав на ВМРО-ДПМНЕ се најдоа на листите за овие избори. Меѓу нив се Дафина Стојаноска, Антонијо Милошоски, Ане Лашкоска, Јохан Тарчуловски, Никола Мицевски, Благица Ласовска, Жаклина Пешевска. Затоа, пак, ги нема Илија Димовски, Влатко Ѓорчев, Трајко Вељаноски, Емил Димитриев, Драган Данев, Димитар Стевананџија, Никола Попоски…

Го виде ли Јохан поразот на Мицкоски и на последен ден од кампањата ужива во Охрид на Свети Наум? Најавува ли Јохан бојкот на Мицкоски на овие избори?

Коментари

Популарно