Се остварува: Баба Ванѓа го предвидела гладот и здравствената криза во 2020 година

Баба Ванѓа го предвидела гладот и здравствената криза во 2020 година, а ова пророштво го објавија британските медиуми на први јануари. Луѓето ќе го губат животот од глад и од заразни болести!

Доколку 1 јануари падне во среда, во 2020 година ќе биде полна со несреќа, глад и сиромаштија. А и така се случи, 1 јануари падна во среда. Британскиот „Дејли Стар“ оваа вест ја објавил уште пред пола година.

Пролетта ќе биде пријата, а есента ќе помине убаво. Ќе има многу мед, но се повеќе луѓе ќе го губат животот од заразни болести. Ќе има голем степен на несреќи, а покрај тоа ќе има и недостаток на храна и многу луѓе ќе останат гладни, со овие зборови е опишана оваа година.

Британските медиуми со ова, пренесоа и вознемирувачко пророштво на „слепата жена“, на која последните зборови и се однесувале на 2020 година. Секако станува збор за баба Ванѓа, која наводно рекла дека оваа година ќе падне метеор во Русија. Исто така најавила дека претседателите на Русија и Америка се во голема опасност.

Баба Ванѓа веќе го предвидела тоа, а последнава година е се повеќе спомнувана, бидејќи иако го напушти овој свет пред 23 години го најавила нападот во Њујорк, Брегзит како и настаните во 2020 година.

Ванѓа исто така предвидела и во*на во Европа, каде нуклеарното оружје ќе се користи против самите Европјани.

Коментари

Популарно