Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска ќе биде во избирачки одбор за гласање на болни од КОВИД-19

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска, ќе биде во избирачки одбор за гласање на лица болни од КОВИД-19 и граѓани кои се во самоизолација, објави СДК.

Ѓорѓиевска, редовен професор на Стоматолошкиот факултет и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија, е избрана по случаен избор како медицинско лице, кое треба да биде дел од избирачките одбори.

На овие предвремени парламентарни избори поради пандемијата на КОВИД-19,  болните ќе гласаат два дена, така што во понеделник ќе се спроведе гласање за лица позитивни на коронавирус и оние кои се во изолација, додека во вторник ќе гласаат болни и изнемоштени лица.

Коментари

Популарно