Лукаревска: Kазни ќе следат и за компаниите кои по објавувањето на листата ги исплатиле платите

Kазни ќе следат и за компаниите кои по објавувањето на листата се нашле на неа и тогаш ги исплатиле платите на вработените, вели директорката на УЈП Сања Лукаревска во гостувањето на Телевизија 24. 

Таа изјави дека за работодавците кои земале државна помош, а не ги исплатиле платите на вработените, ќе има кривична одговорност.

„Законот за даночна постапка како процес на еден вид присилна наплата овозможува најпрво да се поднесе опомена, но тоа не значи дека ние ќе застанеме тука. Дел од овие пари доаѓаат и од Светска банка и тие ја следат будно оваа ситуација. Владата ќе преземе соодветни чекори и оваа листа ќе ја испрати во Обвинителството и ќе има кривична одговорност. А покрај тоа што ние ќе направиме присилна наплата, во самата уредба стои дека тие пари ќе треба да ги вратат сите тие средства коишто ги зеле“, вели Лукаревска.

Владата пред неколку дена објави листа со 708 компании, кои добиле државна помош, но не ги исплатиле платите на вработените.

Имаше фирми од цела Македонија од различни дејности. 

Коментари

Популарно