Ученици во Германија се вратија во училишните клупи

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија.

Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави која ги прекина летните одмори. Сите 152.000 ученици во регионот за прв пат се вратија во училниците, откако училиштата беа затворени како дел од мерките против коронавирусот, кон средината на март.

За да се минимизира ризикот од инфекција, учениците ќе бидат поделени во групи кои нема да се мешаат.

Главниот наставник во основното училиште „Ројтерхаген“ во Росток, Јан Бонин, вели дека е сигурен дека ќе започне добро наставата.

„ Маските се задолжителни во училишните простории“ изјави Бонин за ДПА, додавајќи дека учениците кои биле нервозни или несигурни поради новите норми, ги поздравиле и поддржале наставниците.

Тој нагласи дека нема да се толерираат оние ученици кои нема да носат маски.

Неколку острови во покраината Шлезвиг-Холстен исто така од денеска ги продолжуваат часовите, а пристанишниот град Хамбург продолжува во четврток.

Училиштата во Берлин и државата Бранденбург најавија дека ќе се приклучат следната недела, како и најнаселената држава Северна Рајна.

Коментари

Популарно