Односот со Хари е лош, а еве и зошто!

Односот меѓу Меган Маркл и принцот Хари е лош, а Меган наводно не сака да го прослави ниту роденденот заедно со него.

Поради изолацијата во која се наоѓа, како и фактот дека последните месеци медиумите ги имаат на тепат, војвотката не е расположена за прослава, вели нејзин пријател за странските медуми.

„Многу тешко го поднесува тоа што пријателите мораат постојано и неуспешно да ја тешат и тераат секој ден да се врати на старата верзија од себе“, објасни нејзин пријател, чиј идентитет не го откриваат медиумите.

Во претходните денови се појавија информации дека Меган ќе се разведе од Хари, а дали тоа ќе се случи навистина, останува да видиме во следниот период.

Коментари

Популарно