(Фото) Роналдо и Георгина го привлекоа вниманието, а обезбедувањето имаше само една задача...

По завршувањето на сезоната во Серија А, фудбалерите на Јувентус очекувано добија неколку денови заслужен одмор, пред осминафиналето од Лигата на шампионите против Лион кое ги чека веќе в петок.

Но, во центарот на вниманието повторно е Кристијано Роналдо кој со семејството се одмора во Портофино. Синоќа тој во придружба на Георгина, беше на вечера, па очекувано цело Портофино тоа го следеше.

По кратката прошетка се сместија во ресторанот „Ла Лангостерија“ каде престојуваа неколку часа. Со Роналдо беше и неговото обезбедување како фановите не би му пречеле во дружбата. А, нивната задача единствено беше никој освен келнерите да не се доближува до масата на Роналдо.

На Роналдо на вечерата му се придружи и неговиот поранешен соиграч од Спортинг, Хозе Семедо, со кого останаа големи пријатели.

Коментари

Популарно