ВИДЕО: Немало струја поради силната бура- Неверојатни снимки од Њујорк!

Поголемиот дел од Менхетен останал во мрак поради прекинување на струјата, додека десетици илјади жители на другите делови на Њујорк се уште се без електрична енергија заради минувањето на тропската бура „Исаијас“.

Портпаролот на компанијата за електрична енергија „Konsolidejted Edison“ изјавил дека жителите на Харлем, како и горната западна и горната источна страни на Менхетен, останале без електрична енергија рано утрово според локално време.

Наводно, биле погодени околу 180.000 домаќинства.

Исклучувањето на електрична енергија траело околу половина час.

5.000 домаќинства во Квинс, исто така, останале без електрична енергија.

Причината за прекинување на струјата, која исто така зафати неколку линии на метрото, сè уште не е позната.

Коментари

Популарно