141 нови случаи на ковид-19, почината е една пациентка

Во последните 24 часа се направени 1885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-8, Струга-6, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-13, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-18.

Почината е една пациентка од Скопје (51г.) во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12083,  бројката на оздравени пациенти е 8248, на починати е 529, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3306.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5207, активни 1157

• Куманово 1173, активни 266

• Дебар 219, активни 128

• Штип 988, активни 342

• Прилеп 346, активни 38

• Тетово 1099, активни 175

• Струга 485, активни 151

• Велес 238, активни 26

• Битола 169, активни 76

• Охрид 301, активни 75

• Кавадарци 126, активни 97

• Гостивар 585, активни 285

• Гевгелија 25, активни 14 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 41, активни 25

• Крива Паланка 29, активни 15

• Радовиш 36, активни 11

• Крушево 16, активни 3

• Кочани 115, активни 26

• Пробиштип 64, активни 18

• Демир Хисар 47, активни 33

• Македонски Брод 55, активни 42

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 9, активни 5

• Валандово 7, активни 1

• Виница 36, активни 32

• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 15, активни 3

• Свети Николе 244, активни 103

• Кичево 219, активни 133

• Ресен 146, активни 11

• Неготино 32, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Коментари

Популарно