Рита Ора скокна во кревет на милионер!

Популарната пејачка Рита Ора, која има потекло од Косово, веќе со години живее на релација Велика Британија – САД, а во моментов е на Ибица со своите пријатели, меѓу кои и нејзиното ново момче, милионерот Ромејн Гаврас.

Иако за нивната врска не се откриваат премногу детали, сепак Ромејн е познат како успешен грчко-француски режисер и продуцент, кој досега работеше на неколку популарни спотови.

„Мојата уметност зборува за себе. Кога медиумите сакаат да зборувам за спотови кои сум ги правел, јас одбивам да дадам интервју. Тишината е дел од патувањето. Ќе извлечеш видеа од тоа што мислиш дека треба“, кажа режисерот многу одамна.

Британските медиуми пишуваат дека Рита Ора е заљубена во десет години постарото момче, како и дека ова е првпат јавно да ја објави врската.

Коментари

Популарно