Дали утре ќе има избор на Претседател на законодавниот дом?

Надлежните од Собранието „велат“  дека службите попладнево добиле известување да бидат подготвени за утре попладне, и дека ќе се бира Претседател на Собранието?!

Службите попладнево добиле известување да бидат подготвени за утре попладне, затоа што би можела да продолжи конститутивната седница со преостанатите две точки од дневниот ред, избор на Комисија за избори и именувања и претседател на Собрание.

Сепак, истите извори тврдат дека за сега е нејасно дали е постигнат договор меѓу СДСМ , ДУИ или други партии за претседател на Собранието со оглед на тоа дека во текот на денот од ДУИ брифираа дека Заев ја нема нивната поддршка за состав на новата Влада.

Коментари

Популарно