Здравко Чолиќ на почетокот НАСТАПУВАЛ ПОД ДРУГО ИМЕ

Здравко Чолиќ важи за еден од најдобрите пејачи на Балканот, а тој ретко го изложува приватниот живот во јавноста. За неговото минато малку се знае, а еден детаљ од почетокот на неговата кариера е заборавен речиси сите.

Имено, уште во 1974 година, Здравко Чолиќ имал голема желба да стане светска ѕвезда, па затоа потпишал договор со музичката куќа WarnerBros. Снимил неколку песни, т.е. мини-рекорд за германското говорно подрачје.

Секако, морал да го прилагоди неговото име така што Здравко станал Дравко. Како и да е, покрај германскиот, Здравко има пеено и на англиски јазик, во 1987 година, кога го издаде диско-синглот „Light Me – I'm Not a Robot Man“.

Сепак, тој брзо ја заборави својата светска кариера, откако ја освои Југославија со своите синглови, а сè друго стана историја.

Коментари

Популарно