Лекар од Лондон: Пациентите имаа халуцинации и бараа поскоро да умрат

ондонскиот лекар, Зудин Пучери изјави дека многу пациенти претрпеле застрашувачки халуцинации откако преживеале потешки форми на коронавирус. Лекарот кој лекува пациенти од вирусот рече дека некои се разбудиле од кома и рекле дека сакале да умрат. Критично болните пациенти со ковид-19 доживеале халуцинации што им предизвикале физичка и психолошка траума.

Д-р Пучери, советник со седиште во Лондон, рече дека сериозно болните случаи имаат долг и тежок пат за закрепнување.

Додека се во кома, пациентите се борат со халуцинации што ги дезориентираат и ги оставаат збунети.

– Самата болест е тешко да се надмине, а лековите потребни за лекување исто така го отежнуваат процесот на закрепнување – рече тој.

– Некои ќе можат дури за две до три години да кажат дека се среќни што се живи. Некои ми рекоа подобро да умреле – се сведува на она што луѓето го сметаат за добар и квалитетен живот – додаде лекарот.

Тој рекол дека најголем проблем за тешко заболените пациенти кои се во кома е губењето на мускулите.

– На пример, пациент од 90 килограми, губи еден до два килограми дневно, објаснува тој.

Постои пациенти кои биле на лечење во болницата 10 дена, но подоцна ги чекале месеци закрепнување. По излегување од болницата на многу пациенти од интензивна нега им е потребна рехабилитација во период од една до пет години.

Коментари

Популарно