Ау сине па ти се бо*еш

Вистинска бура од реакции на граѓаните кои се изреволтирани од новиот “проект” на Петре Шилегов, додека луѓето во услови на светска пандемија и економска криза одвај преживуваат ден за ден, градоначалникот на град Скопје отпатува назад во времето на диносаурусите и ги донесе во скопската зоолошка.

Дел од граѓаните му порачуваат да престане или барем да намали со конзумацијата на ракија, додека други велат дека ова е совршен симбол за неговото владеење, диво, примитивно, агресивно и неупотребливо.

Во коментарите на неговиот фејсбук пост може да се прочитаат секојдневни проблеми на скопјани, коишто во последната година од неговиот мандат Шилегов сеуште ги нема решено.

Во прилог погледнете дел од коментарите:

Изградбата на дино-паркот почна лани во октомври, а сега се гледа дека фигурите на диносаурусите се подготвени да пристигнат во Зоолошката во Скопје.

Како што најавија од Градот тогаш дино паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци.

За изградбата на паркот се предвидени околу 20 милиони денари распоредени во две буџетски години , а отворањето е планирано за следната година.

Коментари

Популарно