Македонија со најскапа струја во Европа и најсиромашен народ

Одлуката што ја донесе Регулаторната комисија за енергетика пред еден месец за зголемување на цената на струјата за 7,4 проценти, односно 5,9 денари за еден киловат скапа струја предизвика бурни реакции во јавноста.

Граѓаните на Македонија се втори на листата по плаќање најскапа струја во Европа, доколку се споредува цената на струјата со просечната месечна плата. На овој графикон може да се видат податоците од анализите и истражувањата на светските агенции во сооднос на цени на електричната енергија и процент од средна плата.

Ако се спореди цената на струја во однос на просечната плата, според пресметките на платформата Рефлектор, направени врз основа на податоците објавени од Еуростат, струјата во Македонија, како процент од просечната плата, е меѓу најскапите во Европа. Така на пример, еден мегаватчас електрична енергија во Македонија чини 19,1 отсто од просечната плата.

Со поскапувањето на струјата за 7,4 проценти сметките ќе пораснат во просек за 180 денари месечно, односно 2. 200 денари годишно. Ова значи дека секое домаќинство со просечна потрошувачка за една година ќе треба да плати дополнителни 2. 200 денари повеќе за струја. Ова е плус оптеретување по џебот на граѓаните. Ова поскапување на цената на струјата дополнително оптеретува 564 000 домаќинства во Македонија годишно само по основ сметка за струја.

Според економските аналитичари во земјава, ние сме во трите најсиромашни земји во Европа, според Еуростат, и затоа се реагира на поскапувањето на струјата особено во оваа состојба на пандемија. Со поскапувањето на цената на струјата растат и трошоците за живот што е директен удар врз џебот на граѓаните.

Коментари

Популарно