(Фото) Турција успешно го тестираше првиот летечки автомобил

Првиот летачки автомобил на Турција успешно беше тестиран во Истанбул, соопшти произведувачот, а пренесуваат турските медиуми.

За дизајнот и производството се заслужни турските инжинери, а леталото во текот на тестовите полета на висина од десет метри, а истото тежи 230 кг.

„Во следниот процес ќе направиме понапредни прототипи и ќе имаме летови со луѓе“, кажа Селчук Бајрактар, еден од луѓето во компанијата.

Бајрактра кажа дека се потребни од 10 до 15 години ова летало да биде на улиците, а од три до четири години за да почне да се употребува во рурални средини. Погледнете во продолжение како изгледаше леталото на Турција.

Коментари

Популарно