Почина Филип- момчето на кое му беше извршена првата трансплантација на коскена срцевина од несроден дариел

Почина 24 годишниот Филип Димишковски на кого пред две години му беше извршена првата трансплантација со матични клетки од несроден дарител. Нема официјална информација која е причината за смртта и зошто дошло до влошувае на неговата здравствена состојба, пренесе НОВА.

Неофицијално од лекарски извори, на младото момче му се вратила болеста акутна миелобластна леукемија, скоро две години по направената трансплантација на коскена срцевина.

На социјалните мрежи неговите роднини и пријатели веќе се простуваат од младиот Филип, кој по трансплантацијата во ноември 2018 година преку видео од Министерството за здравство, упати порака до сите пациенти“ да не се плашат да не читаат интернет, да ги слушаат нашите лекари и да ги жртвуваат тие неколку месеци, бидејќи, како што рече, вредат за нашиот живот“.

Коментари

Популарно