Браќата со “Шубеее дубее Мариа“ ќе освојуваат од Скопје до Париз, Москва, Њујорк и Сиднеј!

На нивниот албум за кој уште од сега владеe голем интерс кај странските продуценти, ќе се најде заслужено и заедничката песна со славната Есма Реџепова!

Песната „Шубее дубее Мариа“ интересна и по насловот е најновата песна на братското музичко дуо „Браќата Нуне“, За оваа песна за музиката и аранжанот беа задолжени Филип и Раде Нуне, текстот е на Огнен Неделковски, а видео обработката и фотографијата е на Дуле Јанев, Никола Коцев и Александар Гелевски. Снимена е во студиото на „Нуне Бротхерс“, а во продукција е на Горан Гешовски

Овие двајца исклучително талентирани македонски музичари станаа и едни од најбараните на Балканот. Особено откако имаат направено соработка со славната Есма Реџепова. Токму затоа на нивниот нов албум ќе се најде и таа песна со Есма, па ќе имаме дупло задоволство да ги слушаме. На албумот има песни со различни стилови од поп-рок до фолк, за сечиј вкус. Браќата се сосема подготвени да го освојат светскиот пазара, а со таа цел е и снимен материјалот.

-Само да заврши овој хаос со коронавирусот, па музичкиот пат да не однесе таму кај што треба, во прегратките на секој оној кој сака да не слуша, а тие се во голем број низ разни светски меридиани и метрополи, велат овие симпатични и комуникативни македонски браќа.

Д.М.

Коментари

Популарно