Две земји во Европа ги враќаат рестрикциите

Данска и Исланд враќаат дел од старите мерки со цел да се спречи ширењето на Ковид-19, а Холандија размислува да го стори истото. 

Во Данска и Исланд од утре ќе има затворање на баровите, кафулињата и ноќните клубови. 

Данска веќе најави дека од утре забранува собирање на јавни настани на повеќе од 50 луѓе, а баровите и рестораните ќе може да работат само до 22 часот.

Во земјата почнаа да се регистрираат зголемен број на случаи со коронавирус, а во последните денови бројката се движи околу 400 на дневно ниво. Во последното деноноќие има 454 нови случаи.

Слични мерки ќе преземе и Исланд, но тие ќе се важат за главниот град Рејкјавик, бидејќи во оваа мала островска земја скоро 99 отсто од новите случаи се во главниот град.

Баровите и ноќните клубови ќе бидат затворнеи во следните четири дена. 

Епидемиолошките анкети на новите случаи покажале дека тие се поврзани со ноќни забави. Само два од 59 нови случаи се поврзани со универзитет во Рејкјавик.

Светската здравствена организација денеска алармира на огромен број новозаразени со корона во Европа, наведувајќи во неделниот извештај дека станува збор за 300.000 позитивни само во последната недела, што е многу повеќе кога пандемијата првпат го достигна врвот во март.

Коментари

Популарно