Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 16, а дневната од 24 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 28 степени.

Следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури. Во вторник и во среда, особено во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност и услови за појава на повремен дожд и ретки грмежи.

Коментари

Популарно