(Фото) Северина објави прва слика со менаџерот по новата соработка

Пејачката Северина Којиќ објави на социјалните мрежи една фотографија на која ужива во друштво со неколку пријатели, меѓу кои беше и нејзиниот менаџер Томица Перовиќ, со кој неодамна ја обнови соработката, која беше прекината по 17 години.

„Имам мал круг на големи луѓе“, напиша Северина во описот на фотографијата, која беше објавена на социјалните мрежи.

На сликата може да се забележи дека атмосферата е весела, а освен менаџерот Томица, на фотографијата се наоѓа и ПР на Северина, Давор Гргин, како и Миа Поповиќ. Во продолжение погледнете како изгледаше пејачката и нејзините пријатели.

Коментари

Популарно