Филипче најави враќање на рестриктивните мерки поради состојбата со Ковид-19

Министерот за здравство  Венко Филипче  на денешната прес-конференција најави евентуални нови рестриктивни мерки поради влошување на состојбата со Ковид-19

Тој рече дека целта е да се избегнат рестрикции на движење и закочување на економијата, но ако е нужно, и тоа ќе се направи.

Доколку се влоши состојбата, како мерки кои во следниот период ги планира Комисијата за заразни болести се задолжително носење на маски на отворено, ограничен број на лица на маси во угостителски објекти, забранети групирања надвор и во семејствата, забранети настани, силни контроли, намалување на капацитетот на јавниот превоз

„Ако сега се почитуваат сите мерки нема да ни треба никакви ограничувања. Ова се поблаги рестрикции за да не стигнеме до некои поригорозни мерки. Спремаме план бидејќи видовме искуство од другите земји,“ рече Филипче и додаде дека ќе се воведат ако се оцени дека корона вирусот неконтролирано се шири, а карантин не се планира.

Тој упати апел за почитување на мерките, за да не мора рестрикциите да ја закочат економијата што би значело губење на работни места, но и оптоварување на здравствениот систем

Коментари

Популарно