За кафени очи идеални се поладни нијанси

Имено, повеќето жени со кафени очи ја прават истата грешка во шминкањето и користат топли кафеави сенки за очи затоа што сметаат дека ќе се вклопат со нивната боја на очите и ќе изгледа природно. За жал, ефектот до кој води оваа грешка во убавината е уморен изглед.

Она што дефинитивно треба да го најдете во фиоката за шминка ако имате кафени очи е палета на нијанси на ладни бои како темносина, сива, пурпурна и виолетова. Овие бои ќе им дадат на вашите очи вистинска заводлива нота, а со неа ќе изгледате свежо и опуштено.

Ако имате палета со топли кафеави нијанси и не сте подготвени да се ослободите од неа, она што можете да направите е да нанесете кафена сенка за очи само на надворешниот агол на окото и да го наполните остатокот од очниот капак со боја на шампањ што ќе ги отвори очите и ќе им даде посебен сјај на очите.

Познатата шминкерка Џенифер Тротер предупреди дека треба да бидете внимателни и при изборот на боја на руменило и кармин. Она што најдобро ќе ви одговара доколку имате кафени очи се нежните розови нијанси кои ќе му „дадат“ на лицето неколку дополнителни часови сон што не успеавте да ги спиете.

Коментари

Популарно