Фото: Граѓаните ја зедоа правдата во свои раце!

Граѓаните на Велес револтирани се одлучија сами да го решаваат проблемот со дивоградбите на река Бабуна. Така денес велешани се сведоци на урната ограда која била изградена за да се огради плац на кој некој планира градба. Правилото кое важи на овој простор е како во филмовите на дивиот запад, кој прв забоде знаме земјата е негова. Бројот на дивоградби нагло се зголеми по изградбата на асфалтниот пат во должина од 2,6 километри со што и се олесни пристапот до овој простор па така сега веќе има над стотина дивоградби за разлика од пред неколку месеци кога имаше околу седумдесетина. Очигледно дивата градежна експанзија не запира. Многу од повозрасните велешани, но и помладите, се револтирани што некои нивни сограѓани за свои потреби ја преградуваат реката, а недлежните не реагираат соодветно и не ги санкционираат. Реката и клисурата Пешти се природно национално богатство и треба да се заштитат и никој нема право да ги направи приватна своина.

Извор: veles365.

Коментари

Популарно