(Фото) Мадона ги запрепасти фановите со изгледот

62-годишната поп-ѕвезда Маона вешто се обидува да ги сокрие годините, а третманите со ботокс ѝ се неизоставен дел. Меѓутоа, нејзините пријатели ја критикуваат поради тоа, велејќи ѝ да престане бидејќи повеќе не личи на себе.

Со најновата фотографија на Инстаграм покренала лавина коментари. Имено, таа сакала со објава на социјалните мрежи да ја подигне свеста за гласањето пред политичките избори во САД, но објавата отишла целосно во друг правец.

Многумина го коментирале нејзиниот изглед и ја прашувале дали станува збор за филтер за обработка на фотографијата или целосно се упропастила со естетски корекции.

„Ова не е мојата кралица. Личиш на вонземјанин од холивудските филмови, пластичниот хирург ужасно си ја одработел својата работа“, „Дали е ова реално?“, „Не сум бвидел полоши импланти од овие“, гласат некои од коментарите.

Освен што имала корекција на лицето, Мадона оваа година се пофалила дека ставила импланти и во задникот.

Коментари

Популарно